Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Пионерките пристигнаа во Плевља, утре против Црногорките на Балканијадата У-16

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 16 години од попладнево е во Плевља, Црна Гора, каде од утре до 23 јуни ќе се одржува БВА Балканскиот шампионат. Младите надежи на ова натпреварување ги предводи селекторот Горан Славков и неговиот помошник Виктор Зафиров.

Пионерките една седмица се подготвуваа во Скопје, во пресрет на Балканијадата на која покрај Македонија и домаќинот Црна Гора ќе настапат уште и Бугарија, Грција и Турција. Репрезентациите ќе се натпреваруваат по системот „секој со секого“.

Македонија, утре, во првото коло ќе игра против организаторот Црна Гора во 18 часот. Во второто коло, ден подоцна, од 15:30 часот пионерките ќе се соочат со Турција. На 21 јуни во 15:30 часот за противник ја имаат Грција. 22 јуни ќе биде слободен ден за нашите девојчиња, додека во последното коло на 23 јуни играат со Бугарија.

Повикани одбојкарки на позиција техниар се Јана Василевска и Тамара Велков, на позиција примач се Софија Стевановска, Ана Дота Олевска, Андреа Митиќ, Јована СПасовска, Софија Николовска, Ерјона Арслани, на позиција среден блокер се Ева Симов, Галена Ристовска и Илина Лакс, коректор е Ана Зулумовска, на позиција либеро се Мартина Анчева и Софија Танчева.

Селектор е Горан Славков, а пак тренер е Виктор Зафиров.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!