Ракомет

РК Бутел Скопје се засили со искусниот голман Благојче Трајкоски!

Сподели
Сподели

 

Ракометниот клуб Бутел Скопје го доби силното засилување на голманската позиција со потпишувањето договор до 2027 година со Благојче Трајкоски.

Триесет и осум годишниот Трајкоски има богато искуство во македонскиот ракомет, настапувајќи за повеќе клубови и со значајни настапи на меѓународната сцена, вклучувајќи го Светското првенство во Франција 2017 година како дел од македонската репрезентација. Потекнува од Прилеп, а бранеше во Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, како и во Еурофарм Пелистер каде беше стандарден голман четири сезони. Во последните сезони настапуваше за Автокоманда, а сега е ново име на голманската позиција во Рк Бутел Скопје.

Покрај ангажманот на Трајкоски, клубот ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, додека се раздели со играчите Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.

 Со ова засилување и задржувањето на клучни играчи и тренер, РК Бутел Скопје ја зацврстува својата одбрана и се подготвува за новите предизвици во ракометната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата, откако на отварање на сезоната со 6:3 убедливо го доби Јувентус...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!