ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов има нов клуб, потпиша со Сигма Оломуц!

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов започнува ново фудбалско поглавје во својата кариера по заминувањето од полскиот клуб Пијаст Гливице, каде што заврши сезоната.

Дваесет и девет годишниот  играч за врска го продолжува својот професионален пат во чешката Прва лига, откако официјално стави потпис и потпиша договор со Сигма Оломуц.

Костадинов е стандарден член на македонската репрезентација во последните години и има голем број настапи. Селекторот Благоја Милевски му има голема доверба, а тој ја враќа со одлични игри на теренот.

Во својата кариера, Костадинов има настапувано за клубовите, Ружомберок, Моравце Врабле, и Пијаст Гливице, а сега се очекува да се докаже и во новиот чешки тим.

„Одлучив да се приклучам на Сигма бидејќи верувам дека ова е значаен предизвик и чекор напред во мојата кариера. Чешката лига важи за една од подобрите во Европа, а по разговорот со спортскиот директор почувствував голема мотивација да играм тука. Имам пријатели кои претходно или сè уште настапуваат во Чешка и ми ја опишаа лигата како динамична и технички квалитетна. Со нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона и можноста да се докажам во новиот клуб“, изјави Костадинов.

Со овој трансфер, Костадинов добива шанса да игра во една од најконкурентните лиги во Европа и да го покаже својот квалитет на повисоко ниво. Неговата досегашна кариера и искуството во националниот тим му даваат сигурна основа за успешен настап во Сигма Оломуц, каде што се очекува да биде важен играч за врска во тимот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јована пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!