ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов има нов клуб, потпиша со Сигма Оломуц!

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов започнува ново фудбалско поглавје во својата кариера по заминувањето од полскиот клуб Пијаст Гливице, каде што заврши сезоната.

Дваесет и девет годишниот  играч за врска го продолжува својот професионален пат во чешката Прва лига, откако официјално стави потпис и потпиша договор со Сигма Оломуц.

Костадинов е стандарден член на македонската репрезентација во последните години и има голем број настапи. Селекторот Благоја Милевски му има голема доверба, а тој ја враќа со одлични игри на теренот.

Во својата кариера, Костадинов има настапувано за клубовите, Ружомберок, Моравце Врабле, и Пијаст Гливице, а сега се очекува да се докаже и во новиот чешки тим.

„Одлучив да се приклучам на Сигма бидејќи верувам дека ова е значаен предизвик и чекор напред во мојата кариера. Чешката лига важи за една од подобрите во Европа, а по разговорот со спортскиот директор почувствував голема мотивација да играм тука. Имам пријатели кои претходно или сè уште настапуваат во Чешка и ми ја опишаа лигата како динамична и технички квалитетна. Со нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона и можноста да се докажам во новиот клуб“, изјави Костадинов.

Со овој трансфер, Костадинов добива шанса да игра во една од најконкурентните лиги во Европа и да го покаже својот квалитет на повисоко ниво. Неговата досегашна кариера и искуството во националниот тим му даваат сигурна основа за успешен настап во Сигма Оломуц, каде што се очекува да биде важен играч за врска во тимот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!