Останато

Бронзен медал за Милијана Рељиќ на силниот турнир во Инсбрук, Австрија!

Сподели
Сподели

Нашата најдобра таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на престижниот меѓународен турнир во Инсбрук, Австрија, кој е дел од Г1 серијата.

Рељиќ имаше одличен настап – во првото коло ја совлада германската натпреварувачка Ангелина Хуш, а потоа во четвртфиналето беше подобра од Хелена Кичема од Хрватска. Во полуфиналето загуби од Еквадорката Мел Мина, што ѝ го донесе бронзениот медал.

Со овој медал Милијана освои нови 3,6 поени за олимписката и светската ранг-листа. Во моментов се наоѓа на 12. позиција на олимписката и 11. на светската ранг-листа.

Инсбрук важи за еден од најсилните Г1 турнири, а ова е трет настап на Рељиќ на истиот, по кој конечно се закити со медал.

Гордоста не ја крие ниту нејзиниот тренер, Александар Ефтимов:

„Како нејзин тренер сведочам за нејзината истрајност, посветеност и дисциплина. Секој тренинг, секоја борба, секој пад и станување се дел од патот кој води кон Олимписките игри 2028 во Лос Анџелес. Продолжуваме со уште поголема мотивација“ – изјави Ефтимов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!