Останато

Женската пионерска одбојкарска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за Балканијадата во Црна Гора

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 16 години во Скопје ги започнуваат подготовките за БВА Балканскиот шампионат кој 19 до 23 јуни ќе се одржи во Плевља, Црна Гора. Селекторот Горан Славков и неговите помошници Виктор Зафиров и Атанас Филиповски на поширокиот список повикаа 17 пионерки.

На Балканијадата покрај селекцијата на Македонија и домаќинот Црна Гора ќе настапат уште и Бугарија, Грција и Турција, кои ќе се натпреваруваат по системот „секој со секого“.

  • Техничари:
  1. Јана Василевска – Јанта Волеј

  2. Тамара Велков – Фит Фан Волеј

  • Примачи:
  1. Софија Стевановска – Вардар Жени

  2. Ана Дота Олевска – Фламинго Волеј

  3. Андреа Митиќ – Младост УГД

  4. Јована Спасовска – Топ Спорт

  5. Софија Николоска – Те Волеј

  6. Сара Алими – Ускана

  7. Ерјона Арслани – Ускана

  • Средни блокери:
  1. Ева Симов – Вардар Жени

  2. Галена Ристовска – Форца Волеј

  3. Илина Лакс – Форца Волеј

  • Коректори / Примачи:
  1. Јована Савевска – Топ Спорт

  2. Алексија Иванов – Работнички Скопје

  3. Ана Зулумовска – Наковски Волеј

  • Либера:
  1. Мартина Анчева – Форца Волеј

  2. Софија Танчeва – Наковски Волеј

Веќе е дефиниран и распоредот на натпреварите. Македонија во првото коло на 19 јуни ќе игра против организаторот Црна Гора во 18 часот. Во второто, ден подоцна, од 15:30 часот пионерките ќе се соочат со Турција. На 21 јуни во 15:30 часот за противник ја имаат Грција. 22 јуни ќе биде слободен ден за нашите девојчиња, додека во последното коло на 23 јуни играат со Бугарија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза...

Втора лигаФудбал

Одложените натпревари од Радовиш и Тетово од 2. коло на Втора лига добија нови термини

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа предвидени да се одиграат во сабота се одложени. Станува збор за...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!