ФудбалЧетврта лига

ФК Огражден од Ново Село претстави четири засилувања – тимот се подготвува за ОФЛ Струмица

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Огражден од Ново Село претстави четири нови засилувања за новата сезона од Општинската фудбалска лига Струмица или Четврта лига по ранг на натпреварување.

После долги години се враќа Општинската фудбалска лига во Струмица, која ќе се протега во повеќе општини, односно Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и Конче.

ФК Огражден за таа цел веќе го крои тимот за новата сезона, веќе промовираше четири засилувања, а во текот на месец ниту ќе бидат претставени уште десеттина фудбалери.

Клубот ги престави Никола Јарков, Спасе Терзиев, Никола Трајков и Александар Коцев. Дополнително, шанса ќе добиваат и сите млади играчи.

„После одлуката за учество во сениорска лига, ФК Огражден Ново Село обезбеди три засилувања, клубот е во преговори со уште десетина фудбалери кои ќе бидат претставени до крај на месец Јуни. Тука се и нашите млади надежи кои ќе добијат шанса во новата 2025/26 сезона. Нашите цели и амбиции се јасни, секој нов фудбалер со себе ќе донесе победнички менталитет со кој фудбалот во општина Ново Село ќе биде на достојно ниво“, вели претседателот на клубот Миле Ѓоргиев.

Во следниот период ќе биде познато кои екипи ќе настапат во Општинската фудбалска лига Струмица.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!