Ракомет

Младост од Богданци го ангажираше искусниот стратег Горан Андоновски – целта е враќање во Суперлигата!

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци ја започнува сезоната 2025/26 со јасна цел – пласман во Суперлигата. За реализација на оваа амбиција, клубот го ангажираше едно од најпрепознатливите имиња во македонскиот ракомет – Горан Андоновски.

Поранешниот репрезентативец и член на славната генерација на Јафа Промет Ресен, Андоновски доаѓа со богато меѓународно и домашно тренерско искуство. Неговото доаѓање се смета за прво клучно засилување ова лето, кое треба да донесе стабилност, стратегија и нова енергија во младиот колектив на Младост.

Заедно со останатите дел од тренерскиот штаб – Мите Стоилов, Далибор Луќиќ и Горан Паунков – охриѓанецот Андоновски ќе биде дел од тренерскиот темел врз кој клубот ја гради својата иднина.

Во следниот период, клубот веќе работи на нови засилувања кои ќе бидат претставени во текот на јуни. Од Богданци порачуваат дека ова е само почеток на една нова и посветена етапа во историјата на РК Младост 1977.

Со доаѓањето на искусниот стратег Горан Андоновски на тренерското столче на клубот од Богданци се потврдуваа високи амбиции на Младост да се врати во Суперлигата. Управата на клубот од Богданци работи одлично, со јасна цел и визија на долгорочна основа, со што уште една се потврдува дека малото гратче на Југот на Македонија живее за ракометот, а салата „Млаз“ ќе биде исполнета до последното седиште.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!