Втора лигаПрва лигаФудбал

Стратегот Иван Варадиновски на радарот на неколку екипи, која екипа ќе ја превземе штипјанецот?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Во следниот период според информациите на Спортска Мрежа ќе следува промоција на неколку тренери во Втората македонска фудбалска лига. Веќе се водат преговори на неколку екипи со неколку тренери.

Според нашите информации искусниот стратег Иван Варадиновски, кој со Детонит Плачковица пред една сезона играше бараж за влез во Првата лига и имаше неверојатна статистика која ретко кој би можел во иднина да ја сруши добива неколку понуди.

Варадиновски е на радарот на неколку екипи, па пред штипскиот стратег сега е период кога ќе треба да размислува што да бира и која екипа би ја превземал да ја води во новата сезона 2025/2026.

Предизвикот и за тренерите кои се без тренерски ангажман е голем, бидејќи поради кратењето на лигата од Втора во Трета лига ќе испаѓаат дури пет екипи директно, а три ќе играат бараж, а пак од Прва лига во Втора лига директно ќе испаѓаат три екипи, а две ќе играат бараж.

Варадиновски според нашите информации е подготвен за нов предизвик, каде би сакал да работи и со млада екипа и со млади играчи, надополнета со неколку искусни фудбалери, но останува да видиме во следниот период каде штипскиот стратег ќе ја продолжи својата кариера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!