Останато

Одбојкарот Филип Савовски потпиша со грчкиот шампион Панатинаикос!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски од следната сезона ќе настапува за грчкиот шампион Панатинаикос. Средниот блокер и клубот се договорија на едногодишна соработка, што претставува значаен чекор напред во неговата интернационална кариера.

„Претставува посебно задоволство, но и најголем предизвик досега во кариерата потписот со Панатинаикос. Станува збор за клуб со голема традиција, актуелен шампион на Грција, и не се сомневам дека целите ќе бидат високо поставени и во новата сезона. Особено ме радува тоа што ќе имаме настапи во Лигата на шампионите тоа за мене е ново искуство и можност за личен и професионален напредок. Се договоривме на едногодишна соработка и се надевам на успешна, а пред сè здрава сезона“, изјави Савовски.

Савовски својата кариера ја започна во Весна Пробиштип, а потоа настапуваше за Струмица , со која ја освои двојната круна во македонското првенство. Неговиот прв интернационален ангажман беше во српските клубови Војводина и Нови Сад, каде стекна драгоцено искуство на европско ниво.

Сега, со дресот на Панатинаикос и настапите во Лигата на шампионите, Савовски добива нова можност за пробив меѓу елитата на европската одбојка.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!