КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ за Атлетико патува во полуфиналето, заедно со Саса, Љуботен кој беше пресилен и Скопје!

Сподели
ФОТО: Победничка фотографија на Тиверија Брера после победа од пет гола над Атлетико
Сподели

Екипите на Тиверија Брера, Каменица Саса, Љуботен и Скопје обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција.

Тиверија Брера пукна „петарда“ во Битола откако со 0:5 го доби убедливо Атлетико кој имаше сили само за едно полувреме. Во првиот дел од мечот мрежите мируваа (0:0), а во вториот дел гостинот од Струмица постигна пет гола и го реши мечот, а со тоа го завери билетот за полуфинале.

Бразилката Тчеури Харуми Гоја во 63. минута го отвори резултатот за водство од 0:1, а не требаше многу откако Билјана Панеска во 70. минута постигна гол за 0:2. Брзо потоа Мартина Сиљаноска капитулираше по пет пат на својот гол откако во 77. минута Гоја со втор гол обезбеди предност од 0:3.

До крајот на мечот Тиверија Брера постигна уште два гола, откако Теона Галабовска погоди во 86. минута за 0:4, а пак Викторија Недева во 92. минута ја стресе мрежата за конечни 0:5.

Лесна и убедлива победа за Каменица Саса која со 1:5 триумфираше над Ас Јунајтед во Струга. Ана Димитровска беше двоен стрелец за „рударките“, а по еден гол постигнаа Гамарт Михаела, Христина Јовановска и Васка Василева, за стружанки единствен стрелец беше Веса Села која погоди во 69. минута.

Вардар беше единствениот второлигаш кој се најде во четвртфиналето, а против апсолутниот фаворит Љуботен немаше никакви шанси со што тимот од Тетово со 0:8 беше пресилен и обезбеди полуфинале.

Искусната голгетерка Хава Мустафа постигна четири гола, а по еден гол постигнаа Ева Величковска, Мариан Огочукву Охадиве, Елена Симјанова и Ива Јованоска.


Најнеизвесно беше во Прижино каде Скопје со 2:0 го доби Истатов. Мила Панева во 28. минута го отвори резултатот за 1:0, а толку беше и на полувреме. Во вториот дел искусната Рабија Дервиши погоди во 64. минута за конечни 2:0.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!