Ракомет

Радовиш прокоцка предност од осум гола и загуби од Пролет, Прилеп до триумф над Струга!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Радовиш им се врати на старите навики – по двете победи во низа го загуби мечот со Пролет на домашен терен преку пресврт, но и одново прокоцка дури плус осум разлика.

Радовиш предводен од Игор Котевски одлично го отоври мечот и имаше 3:0, а потоа дојде до 6:1. Ваквата одлична серија дојде до плус осум кога резултатот беше 13:5, но потоа „заспа“ нападот на Радовиш, а тоа го искористи гостинот од Скопје и ја стопи предноста до 14:12 на полувреме или само два гола разлика.

Во вториот дел од мечот Радовиш и натаму беше заспан, а Пролет дојде до прво водство при 15:16, а потоа започна да гради предност од гол до два и тка имаше 17:19, а потоа и 20:22. Највисоката предност за Пролет беше при 22:25 односно плус три, а конечниот исход беше 24:26.

Ивица Илиев беше најдобар стрелец за Радовиш со седум гола, а пак Игор Чиселиов имаше четири реализации. Кај Пролет со шест гола се истакна Ласко Андоновски, а го следеа Давор Палевски и Андреј Стојановски со по пет гола.

Прилеп одигра одличен меч и стигна до триумф над Струга од 25:30 покрај езерото, а во рамки на 5. коло од плеј-аутот на Суперлигата. На почетокот од натпреварот се играше егал се со 3:3 и 4:5, а потоа Прилеп одлепи на плус пет при 4:9, а имаше и плус седум при 6:13, за на полувреме да има 9:14.

Во вториот дел предноста за Прилеп постојано се зголемуваше и во неколку наврати имаше плус осум при 10:18, а потоа и при 11:19 и 13:21. Одличната игра на прилепчани продолжи, а стружани само го ублажија поразот на конечни 25:30.


Кај Струга најдобар беше Алекснадар Стојков со седум гола, а пак кај Прилеп прво има беше Никола Цветаноски со шест гола.

Алкалоид не виде мака против Бутел и го доби мечот со 33:30 во Автокоманда, каде најдобар стрелец за тимот на Кирил Лазаров со 11 гола беше Мартин Серафимов, а пак кај Бутел исто така со 11 гола се истакна Филип Николов.

Денес ќе се комплетира 5. коло на Суперлигата, каде во плеј-офот ќе се игра дербито на колото меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, а пак Тиквеш ќе игра со Охрид, додека пак во плеј-аутот ќе играат Куманово и Борец ФЛ.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!