Прва женска фудбалска лигаФудбал

Хава Мустафа е најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига – кој може да ја стигне?

Сподели
ФОТО: Хава Мустафа во дресот на македонската репрезентација
Сподели

По 20 одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, најдобар стрелец е репрезентативката на Македонија, Хава Мустафа. Фудбалерката на Љуботен досега има постигнато 24 погодоци. Трката за најдобар стрелец ја водат уште две фудбалерки, кои заостануваат со само неколку гола.

На второто место на листата се наоѓа капитенот на Каменица Саса, Ана Димитровска, со 23 погодоци, додека третото место ѝ припаѓа на Бразилката Тчеури Харуми Гоја, која со 21 гол го брани дресот на Тиверија Брера од Струмица.

Овие три фудбалерки ќе ја водат борбата до самиот крај за титулата најдобар стрелец во македонската женска фудбалска елита.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!