Втора лигаФудбал

Вардар Неготино сака изненадување против Брегалница – „Цвај арената“ предизвик за „сините“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Вардар Неготино е пред потврдување на директниот опстанок во Втората македонска фудбалска лига, особено после триумфот од 0:1 над Победа во Прилеп, со што тимот на Горан Тодорчев дојде до огромни три бодови со цел потврда на директниот опстанок на неколку кола до крајот, а со тоа и мирна завршница од сезоната.

Пред Вардар Неготино денес е мечот со Брегалница од Штип, каде трите бодови им се императив и на двете екипи. Ако Вардар Неготино сака три бодови за потврда на директниот опстанок, Брегалница сака три бодови за директен влез во Прва лига.

Квалитетот и ростерот на играчи го прави тимот од Штип да биде фаворит на денешниот меч, но Вардар Неготино ќе се потпира на домашниот терен и на поддршката од публиката и на верните „Винари“, кои сигурно ќе даваат поддршка денес од трибините.

Тимот од Тодорчев и со бод ќе биде задоволен, но тимот на Ристе Наумов само со три бодови ќе биде задоволен, бидејќи со пораз или реми Брегалница ќе направи одново чекор назад во однос на водечките екипи Македонија ЃП  и Башкими на патот кон директен влез во ПМФЛ.

„Цвај арената“ ќе биде предизвик за Брегалница, тој притисок кој ќе се создава за трите бодови ќе биде уште еден предизвик за „сините“ да дојдат до 15-тата сезонска победа и со тоа да го следат чекорот на водечките Македонија ЃП и Башкими, а притоа да не дозволат Арсими да направи бодовна разлика, ако тимот од Чегране денес триумфира во Автокоманда над Скопје.


Брегалница има ефикасне напад, но Вардар Неготино нема одбрана со која може да се пофали, па затоа треба да бидат внимателни домаќините пред се затоа што Брегалница е многу опасна преку капитенот Давид Калпачки, кој е најдобра стрелец за тимот од Штип, Иван Галевски, Иван Глиров, секако и Благој Хаџи-Кимов кој иако е играч од прва зона знае да постигна погодоци и да го реши натпреварот, опасност може да има и од Стефан Бабунски.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Натпреварот ќе започне во 16 часот, а главен судија на истиот ќе биде Пларент Салихи од Тетово.

Натпреварот ќе можете да го следите во ЖИВО и преку пренос од Неготино, а коментатор ќе биде Александар Ванев од Спортска Мрежа.

  • ВО ЖИВО: ВАРДАР НЕГОТИНО – БРЕГАЛНИЦА:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските одбојкарки со висок пораз од Унгарија на стартот од Европската лига

Женската репрезентација на Македонија со 0:3 (14:25, 21:25, 11:25) загуби од Унгарија во првиот натпревар од годинешното издание на Европската лига, на турнирот...

Ракомет

Кузмановски блесна на азиската сцена: Пет гола и победничко деби за Ал Кувајт

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен старт на Азиското клупско првенство во дресот на Ал Кувајт, откако неговиот тим во првото коло го...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Перфектна „паненка“ на Енвер Фејзулаи во финалето на Купот – гол за паметење против Вардар!

Младиот фудбалер на Пелистер, Енвер Фејзулаи, беше еден од најзабележителните поединци во...

ТурнириФудбал

Шпанскиот гигант Real Betis доаѓа во Македонија: Камп за млади фудбалери во Куманово

Куманово ова лето ќе стане дел од едно од најпрепознатливите фудбалски имиња...

КупФудбал

ФФМ со реакција кон ФК Шкендија: Нема повеќе како досега. Интегритетот на натпреварувањата нема цена

Откако вчера Шкендија реагираше со соопштение откако беше казнета со 105.000 евра,...

Младински фудбалФудбал

Младинците на АП Брера ја комплетираа двојната круна со освојување на купот на Македонија

Младинците на АП Брера го освоија Купот на Македонија, откако во финалето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!