Трета лигаФудбал

Судискиот актив на ОФС Кочани доби шест нови млади судии, ќе има редовни месечни семинари и анализи на досегашните натпревари

Сподели
Сподели

Во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани, се одржа редовен состанок на судискиот актив, на кој присуствуваа активни судии и контролори кои се дел од ова тело.

На состанокот беше направена анализа на досегашните натпревари на кои судеа судиите од Кочани, при што се разгледаа извештаите и оценките добиени од контролорите. Целта беше да се идентификуваат позитивните аспекти, но и евентуалните слабости кои треба да се надминат во иднина.

Посебен акцент беше ставен и на младите судии кои неодамна се приклучија на судискиот актив. За нив, како што беше договорено, ќе се организираат редовни месечни семинари со едукативен карактер, со цел нивна побрза адаптација и професионален развој.

Како што дознава Спортска Мрежа се работи за нови шест млади судии, од нив едно е девојче, што е за поздравување. На новите судии им беа доделени дресови од страна на ОФС Кочани.

Во рамки на состанокот се разговараше и за наредните активности што се планираат во соработка со Управниот и Надзорниот одбор на ОФС Кочани.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Судискиот актив изрази задоволство од досегашната успешна соработка со Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, при што беше истакната и значајната поддршка од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Овие активности се дел од континуираната стратегија на ОФС Кочани за унапредување на судењето и професионалниот пристап на судиите во сите лиги на локално и национално ниво.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!