Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рајчевска ќе им суди на Тиверија Брера и Топ Гол, Левески главен во Тетово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Денес со натпреварот меѓу Каменица Саса и Ас Јунајтед ќе се отвори 19. коло на Првата женска фудбалска лига, а овој меч наместо во Македонска Каменица ќе се игра во Делчево со почеток од 16:30 часот.

Останатите три меча се играат утре со почеток од 16 часот. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од оваа рунда во женската фудбалска елита.

Димитар Левески од Охрид ќе им суди на фаворитот Љуботен и Атлетико, меч кој се игра во Тетово. Ангела Рајчевска од Скопје ќе им суди на фаворитот Тиверија Брера и Топ Гол во Струмица, а пак Вјолца Изеири од Гостивар ќе биде задолжена да им суди на Скопје и Речица.

Натпреварот кој се игра денес меѓу Каменица Саса и Ас Јунајтед, каде „рударките“ се апсолутни фаворити ќе го суди Драган Стевановски од Велес.

Во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на СЦ Истатов.


  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 19. КОЛО ПРВА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Љуботен – Атлетико, Димитар Левески (Охрид)
Тиверија Брера – Топ Гол, Ангела Рајчевска (Скопје)
Каменица Саса – Ас Јунајтед, Драган Стевановски (Велес)
Скопје – Речица, Вјолца Изеири (Гостивар)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!