Ракомет

Талевски: Имаме тешко гостување против Радовиш во СРЦ „25 Мај“, но Струга оди на победа!

Сподели
ФОТО: РК Прилеп 2010
Сподели

Утре во рамки на 3. коло на плеј-аутот на ракометната Суперлига во СРЦ „25 Мај“ ќе се соочат Радовиш и Струга во директно дерби соочување за опстанок во ракометната елита.

Победата и двата бодови се императив и за двете екипи, притисокот е кај Радовиш кој мора да извлече триумф, во спротивно ќе се вклучи црвениот аларм, а пак Струга максимално мотивирана и подготвена доаѓа во СРЦ „25 Мај“.

Ракометарот на Струга, Филип Талевски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека неговиот тим е максимално подготвен за утрешниот меч, во кој гледаат само триумф.

„Имаме тешко гостување во Радовиш, но ќе влеземе во натпреварот максимално подготвени и самоуверени. Од ден во ден растеме како екипа, квалитетно тренираме и се подготвуваме за секој натпревар, кој ни е мотив плус. Бодовите од овој натпревар се многу значајни за нас и иако знаеме дека е тешко да се игра во Радовиш, ние ќе го одиграме планираното и одиме на победа“, рече Филип Талевски во изјава за Спортска Мрежа.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Талевски пред преселбата во тимот на Струга, го носеше дресот на Радовиш, па тој утре всушност ќе настапи против својот поранешен клуб.

„Ќе биде предизвик да се игра против поранешната екипа. Бев дел од Радовиш две години и знам што значи да се игра на тој терен, но како што кажав ние се подготвуваме и максимално мотивирани да одиграме и гледаме само кон победа“, ни изјави Талевски.

Натпреварот меѓу Радовиш и Струга се игра во СРЦ „25 Мај“ со почеток од 18 часот. Судиска двојка на мечот ќе биде Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје, а пак делегат на натпреварот ќе биде Васил Чавдаров од Богданци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!