ФудбалФудбалска репрезентација

Женска репрезентација на Македонија до 16 години на УЕФА развоен турнир во Албанија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 13 до 18 април ќе учествува на Уефа меѓународниот развоен турнир што ќе се одржи во Албанија.

Покрај нашата селекција, на контролниот турнир учество ќе земат домаќинот Албанија, Грузија и Бугарија.

Сите натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Албанија, во Тирана.

Во првото коло, избраничките на селекторот Катерина Милеска ќе играат со Бугарија, на 13. април во 11:30 часот.

Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.

Во последното коло, кое е на програмата на 18. април ќе играме со домаќинот Албанија. Овој натпревар ќе започне во 15. часот.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 16 години, Катерина Милеска за претстојните натпревари од Уефа развојниот турнир во Албанија, се одлучи да го повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ања Стојмиловска – Кочани

Евгенија Вељановска – Скопје

ОДБРАНА:

Арба Мерко – Ас Јунајтед

Лина Мицовска – Кочани

Ихдина Речи – Ас Јунајтед

Ема Нановска – Истатов

Бесарта Фида – Скопје

Блехана Алиевска – Скопје

СРЕДЕН РЕД:

Уна Јосевска – Скопје

Тамара Лазеска – Ас Јунајтед

Сара Димитровска – Скопје

Нина Манасиева – Кочани

Елена Мацевска – Ас Јунајтед

Елиза Ибраими – Ceder Stars Bergen, САД

Ана Марија Цветкоска – Langhus, Норвешка

НАПАД:

Ангела Димовска – Атлетико

Елена Наумоска – Скопје

Ангела Нацева – Schwaben Augsburg, Германија

Марија Велиновска – Фудбал Старс

Розита Пецева – Тиверија

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!