Останато

Струмица немаше сили за Олимпијакос, пораз за македонскиот шампион во „Парк“ во Лигата на шампиони!

Сподели
Сподели

Македонскиот одбојкарски шампион, Струмица, вечерва доживеа голем пораз од грчкиот шампион Олимпијаков во првиот натпревар во првото коло од Лигата на шампионите со резултат од 0:3 во сетови.

Натпреварот кој се одигра во салата „Парк“ во Струмица гостите од Грција ја оправдаа фаворитската улгоа со висока победа. Македонскиот шампион имаше одлични подготовки и доби квалитетни засилувања, но сепак, тоа не е доволно за парирање на Олимпијакос, кој многу веројатно ќе оди во следна фаза, а Струмица ќе заврши со Лигата на шампионите уште во првото коло.

Првиот сет Олимпијакос го доби со 15:25, во вториот сет Струмица додаде плус два поени и го загуби сетот со 17:25, а во третиот сет како и првиот Олимпијакос го доби со 15:25.

Реваншот е закажан за 24. септември во Атина, Грција, каде Струмица ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток од вечерашниот меч.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!