ФудбалФутсал

Форца е во големото финале од футсал Купот на Македонија, Крстевски со хет-трик, два гола за Левески!

Сподели
ФОТО: КМФ Форца
Сподели

Бранителот на Купот титулата екипата на Форца е во големото финале од футсал Купот на Македонија, откако со со 2:7 лесно го совлада второлигашот Балкан.

Во полуфинален натпревар каде Форца беше апсолутен фаворит лесно беше оправда таа фаворитската улога и тимот на Форца веќе е во големото финале.

Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога прволигашот со 1:4 имаше огромна предност и во вториот дел одигра на рутина со што го обезбеди „билетот“ за големото финале.

Иван Крстевски постигна хет-трик за Форца, двоен стрелец беше искусниот Зоран Левески, а по еден гол постигнаа Таулант Исмаили и Берат Рамадани. За екипата на Балкан стрелци беа Пајтим Реџепи и Јусуф Сулејмани.

Утре се игра вториот полуфинале меч меѓу прволигашите Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка, истиот е закажан за во 19 часот. Победникот од овој натпревар ќе се судри со бранителот Форца во големото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!