Младински фудбалФудбал

ФОТО: Фудбалерите на Брера се подготвени за утрешниот меч во младинската Лига на шампион против Сараево од БиХ

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Брера Струмциа максимално подготвени за утрешниот натпревар во младинската Лига на шампион против Сараево од Босна и Херцеговина.

Денес беше последен тренинг за младите фудбалери на Брера Струмица пред утрешното соочување.

Стратегот Ѓорѓе Стојчев вели дека максимално е подготвена екипата за утрешниот натпревар кој ги очекува во младинската Лига на шампионо против Сараево од БиХ.

„Максимално сме подготвени за утрешниот натпревар што не очекува во младинската Лига на шампиони против Сараево. Се подготвувавме подолг период за оваа што не очекува, играчите се подготвени, се приклучија денес играчите од сениорскиот состав и со нетрпение го очекуваме натпреварот што треба да се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица“, рече Стојчев.

Брера Струмица поставува здрави темели во клубот односно во младинските категории, за што во многу разговори и со координаторот на младинските школи, Борче Постолов сме дискутирале, Брера Струмица има долгорочен план за работа со младите категории за што потврда се овие резултати.

Стратегот на струмичани додава дека Сараево е сериозен противник, но вели дека со добра игра може да се радуваат на позитивен резултат.

„Екипата на Сараево е доста сериозен противник доминира подолги години во младинскиот фудбал во Босна и Херцеговина, се познаваме многу добро од турнирите што ги играме на Балканот каде што учествуваме со нашите младински екипи. Квалитетот е изедначен имаат неколку играчи што играат во сениорскиот тим. Ако одиграме добро имаме шанси да се радуваме на позитивен резултат утре во Струмица“, додаде Стојчев.

Натпреварот се игра утре, вторник на „Благој Истатов“ во Струмица од 15 часот, а реваншот во БиХ е закажан за 2. октомври. Доколку струмичани го поминат првиот филтер во втората фаза ќе се соочат со Трабзонспорт.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!