Трета лигаФудбал

Падна рекорд во Виница – Слога со 15 гола го победи Хоризонт Турново, Дојранско Езеро го слави Маринковиќ, Тиверија загуби од Ударник!

Сподели
Сподели

Рекордна победа за Слога Виница откако тимот на Емил Грнев со 15:0 го декласираше во секој поглед Хоризонт Турново, но треба да се напомене фактот што домаќинот е неколку класи помоќен и со искусни играчи, во однос на гостинот кој настапува со млади играчи надополнет со неколку поискусни фудбалери.

Големата победа беше најавена во првиот дел кога на полувреме резултатот беше 6:0, а во листата на стрелци за Слога Виница со по три гола се запишаа Филип Петковски, Иван Настевски и Октај АМедов, по два голаа имаа Игор Ѓорѓиев и Михаил Воинов, а по еден гол Љупче Христовски и Виктор Крстевски.

Дојранско Езеро ги собра трите бодови во Берово откако со голот на Оливер Маринковиќ триумфираше со минимални 0:1.

Овче Поле во 90. минута ги собра трите бодови во дуелот со Карбинци откако стрелец за домашниот тим беше Никола Лазев за минимална победа од 1:0.


Тиверија го загуби дербито од дното на табелата откако струмичани беа поразени со 0:3 од Ударник од Пирава.

Адријан Спасиќ беше двоен стрелец за гостинот, а еден гол постигна Кирил Коколански.


Трите бодови останаа во Делчево откако Брегалница со 2:1 го доби Светлост од Зрновци, но гостинот може да жали за овој резултат. Драган Гаврилов во 74. минута си постигна автогол со што домаќинот дојде до предност од 1:0. Во 80. минута Илија Шуманов погоди за 1:1. Неизвесноста за трите бодови продолжи, а во 90. минута Дарко Пешовски погоди за конечни 2:1.

На врвот од табелата останува Слога Виница со 36 бодови, а по 23 бодови имаа Овче Поле и Брегалница од Делчево за делба на третото место. Во текот на следните денови ќе направиме комплетна анализа на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!