Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) ФК Каменица Саса: Судењето беше скандалозно и срамно, оштетени сме за два чисти гола и пенал!

Сподели
ФОТО: Тренинг на ФК Каменица Саса | АРХИВА
Сподели

Каменица Саса забележа нов пораз, откако во рамки на 22. коло загуби со 1:2 од Беласица на домашен терен.

Струмичани до победата дојдоа преку пресврт, а екипата на Македонска Каменица преку соопштение реагираше на судиската арбитража.

Како што се вели во соопштението на ФК Каменица Саса, биле оштетени за два чиста гола и недосуден пенал.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК КАМЕНИЦА САСА:

Денешното судење на нашиот натпревар, не само што беше скандалозно, туку беше и срамно.
– На ФК Каменица Саса и беа поништени два чисти голови, со донесена одлука за офсајд. Ова особено се однесува за голот постигнат во 50 минута, каде јасно се гледа дека дури четворица гостински фудбалери се пред нашиот играч, а при тоа двајца од нив стојат и пред самата гол линија.
– Во 64 минута гостински играч намерно без топка силно во пределот на градите удира наш играч, кој што останува да лежи повреден повеќе минути. Иако тоа се случува пред очите на помошниот судија, гостинскиот играч наместо црвен, добива жолт картон.
– Исто така пред слободниот удар за гостите, од кои што истите постигнаа гол за израмнување, постои остар старт и прекршок на нога за кој што не само што требаше да биде досуден фаул во наша корист, туку на гостинскиот играч требеше да му биде доделен и жолт картон.
– Главниот судија на денешниот натпревар во повеќе наврати ја толерираше грубата игра на гостинските фудбалери, и не им доделуваше жолти картони.
– Во првото полувреме имаше и ситуација во која што не ни беше досуден пенал во наша корист (Инаку последен пат пенал во корист за ФК Каменица Саса ни е досуден дури пред три сезони).
– На крај од страна на судиите не му беше дозволено на нашиот претставник да внесе своја кратка забелешка во записникот, и со тоа ни беше ускратено нашето демократско право за давање на своја забелешка за натпреварот и судењето на судиската тројка. Забелешката кој што сакавме да ја внесеме во записникот требаше да гласи: ФК Каменица Саса најавува жалба за денешниот натпревар од причини што сметаме дека судењето беше скандалозно, при што ни се поништени два чисти гола, не е досуден пенал за нас, и на противничката екипа не и е доделен чист црвен картон.
– Од кои причини ни е ускратено дрмократското право на лична забелешка, на нас не ни е јасно.
Бараме од страна на надлежните органи на ФФМ да ни биде доставена анализа за денешното судење.
Со надеж дека во блиска иднина судењето во ФФМ, ќе биде фер и коректно, јавно бараме да од страна на ФФМ што побрзо се воведе ВАР и во втора лига.
Инаку, џабе ќе трчаме по спонзори, кога со вакво судење, некој друг ми ја крои судбината.
Со надеж за соодветна реакција од органите и телата на ФФМ, со која што ќе се санкционира денешното скандалозно судење од судиската тројка, упатуваме спортски поздрав до сите чесни и поштетни спортски работници.
За честа и достоинството во фудбалот, се вели во соопштението на ФК Каменица Саса.

Саса го забележа осмиот сезонски пораз и со 32 бодови го дели шестото место на табелата со Детонит Плачковица и Охрид.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Горан Станиќ го објави списокот за дуелите со Италија и Ерменија

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојните...

Ракомет

ЖРК Вардар со тренерска промена: Даниела Новеска нов шеф на стручниот штаб

Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на сениорската екипа, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои повеќе нема да...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Огражден му даде седум гола на Спартмани на пријателски меч

Во Ново Село се одигра пријателски натпревар меѓу Огражден и Спартмани, на...

ОстанатоФудбал

ФОТО: ОФС Тетово го одржа редовното годишно Собрание

Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово денес го одржа редовното годишно Собрание, а...

Втора лигаФудбал

ГФК Вардар Неготино закажа Годишно собрание: Отчет на новата управа, поканета и старата управа

Второлигашот Вардар Неготино кој „виси на конец“ да испадне директно во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!