Тиверија Брера со убедливи 3:0 го доби дербито на 18. коло во Првата женска фудбалска лига против Каменица Саса на домашен терен во Струмица.
Меч кој беше важен за тимот на Славе Велков после поразот во претходното коло од шампионот Љуботен и загубеното прво место.
Мечот во Струмица започна одлично и за двете екипи, но Тиверија Брера беше таа која имаше повеќе шанси кон голот на противникот, а Кристин Нафула постигна гол но истиот беше поништен поради офсајд.
Но, брзо потоа следуваше и голот на Теона Галабовска во 23. минута со што Тиверија Брера го отвори резултат. До крајот на мечот имаше уште неколку шанси струмичанки, откако се затресе и пречката, но на полувреме се замина со гол предност во корист на домашниот тим.

Во вториот дел се играше на средина, а мечот резултатски „висеше“ откако се обидуваше Каменица Саса да постигна гол имаше неколку шанси, но Викторија Панчурова беше сигурна на голот на Тиверија Брера.
Шанси се редеа и кон голот на тимот од Каменица Саса, во 78. минута Магдалена Лекоска капитулираше по третпат, откако Галабовска со втор гол обезбеди 2:0. Не требаше многу, по само четири минута игра Кристин Нафула постигна гол за конечни 3:0.

Без проблеми екипата на Љуботен го декласираше Ас Јунајтед и мечот го доби со 1:5 во Струга. Домашниот тим имаше сили само за првиот дел откако резултат на полувреме беше 0:1 со голот на Мариса Николе Васкез. Во вториот дел Ас Јунајтед се држете се до 68. минута кога Настасја Накова постигна гол за 0:2, а пота следуваа три брзи гола. Мариан Огочукву Охадиве во 72. минута погоди за 0:3, а потоа Ева Величковска и Хава Мустафа стрелаа за 0:5. Во 86. минута Лина Луканова постигна утешен гол за 1:5.
Практично сега екипите на Тиверија Брера и Љуботен ќе ја водат трката до крај за титулата.
Атлетико забележа победа над Истатов на домашен терен со резултат од 2:0. Резултатот во Битола беше отворен во 34. минута со голот на искусната Симона Тасева, откако капитенот на Атлетико успеа да ја стресе мрежата на Теа Сапунџиев.

Десет минути подоцна Канита Емини доби директен црвен картон и го остави својот тим со играч помалку на теренот, практично во цело второ полувреме.
Во вториот дел Истатов со играч помалку се обидуваше да постигна гол и да го израмни резултатот, но не успеа во таа намера, откако домашниот тим со гол од белата точка дојде до предност од 2:0. Успешно од белата точка реализираше Тамара Нешковска.
Во 78. минута од мечот црвен картон доби и стратегот на Истатов, Кирил Изов.
Екипата на Скопје со убедливи 4:1 го декласираше Топ Гол на домашен терен, а домаќинот до убедливата победа стигна на крилата на Кристина Крстева која постигна хет-трик, а стрелец на еден гол беше Елена Наумоска. За тимот од Битола стрелец на единствениот гол беше Маргарита Талевска, која стрелаше во 55. минута.
Трката за титулата е сведена меѓу Љуботен и Тиверија Брера, Каменица Саса го загуби чекорот за титулата. На дното Речица и Ас Јунајтед ќе ја водат борбата за избегнување на деветтото место или баражот кој води кон можен опстанок во Прва лига
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ЖФК ЉУБОТЕН | 16 | 14 | 1 | 1 | 69 | 11 | +58 | 43 |
2 | ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД | 16 | 13 | 2 | 1 | 73 | 8 | +65 | 41 |
3 | ЖФК КАМЕНИЦА САСА | 15 | 11 | 1 | 3 | 46 | 13 | +33 | 34 |
4 | ЖФК СКОПЈЕ 2014 | 15 | 10 | 0 | 5 | 35 | 19 | +16 | 30 |
5 | ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје | 16 | 6 | 2 | 8 | 21 | 42 | -21 | 20 |
6 | ФК АТЛЕТИКО/ЖФК | 16 | 4 | 3 | 9 | 15 | 31 | -16 | 15 |
7 | ФК ТОП ГОЛ/ЖФК | 16 | 3 | 3 | 10 | 14 | 40 | -26 | 12 |
8 | ФК АСС УНИТЕД/ЖФК | 16 | 2 | 0 | 14 | 23 | 51 | -28 | 6 |
9 | ЖФК РЕЧИЦА | 16 | 2 | 0 | 14 | 13 | 94 | -81 | 6 |
10 | ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | -3 | 0 |