Трета лигаФудбал

Закажани натпреварите од одложените кола во Третата македонска фудбалска лига

Сподели
Сподели

Поради големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 лица,а голем број на лица се хоспитализирани во Македонија и странство, беа одложени сите спортски настани и спортски натпревари.

Поради седумдневната жалост во Македонија спорт нема, а веќе се закажуваат овие одложени натпревари и веќе од понедленик започнуваат натпреварите. Закажани се сите одложени натпревари од петте региони на Третата македонска фудбалска лига.

Трета лига – Југозапад во среда ќе ги игра натпреварите од 12. коло, а тоа ќе значи дека дури сега ќе започне пролетниот дел во овој третолигашки регион, бидејќи тука двапати се одложуваше почетокот на пролетната полусезона. Првиот пат поради промена на седиштето на Трета лига – Југозапад од ОФС Охрид во ОФС Битола, а вториот пат поради трагедијата во Кочани.

Во рамки на 12. коло во Трета лига – Југозапад или првата пролетна рунда екипата на Демир Хисар на домашен терен ќе игра со Кораб, Света Троица во Охрид ќе го пречека тимот на Сатеска од Волино, Влазними против Караорман во градско дерби во Струга, Кравари против Евротип, а пак во Мешеишта соочување на Славеј и Велешта.


Лидерот Преспа од Ресен ќе биде слободен, бидејќи Светлост од Кукуречани се откажа од натпреварување, за што информираше Спортска Мрежа.

Во Трета лига – Југ ќе се одиграат натпреварите од 16. коло, кое е закажано за среда 26. март. Превалец ќе го пречека тимот на Ултрас, Бучин ќе игра со фаворитот Башкими 2008, поранешниот второлигаш Росоман дома ќе игра со Влазними Јуниор, Венец во Долни Дисан го пречекува Питу Гули од Крушево, а пак Слога во Лажани ќе игра против лидерот Големо Коњари. Слободни се екипите на Младост од Кривогаштани и Дреново.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во Трета лига – Север ќе се доигра 16. коло, а истото ќе се игра во вторник (25. март). Колото беше отворен претходната сабота кога Кадино на домашен терен загуби со 2:4 од Аеродром, во меч каде Дамјан Антевски постигна два еврогола за победничката екипа. Во рамки на оваа рунда лидерот Шкендија Арачиново ќе гостува кај Куманово, Башкими Љуботен против Беса од Слупчане, тимот на Фортуна против новајлијата Ржаничино.

Риниа ќе се соочи на домашен терен со Академија Илинден, некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ ќе игра со Њу Старс, а пак Пчиња ќе игра против БВК Коњаре.

Во Трета лига – Запад ќе се доигра 14. коло, кое беше отворено со два меча, одиграните претходната сабота пред големата трагедија во Кочани. Камјани со минимални 0:1 ја доби Дрита, а пак Џепчишти беше убедлив со 3:1 против Речица. Колото ќе се одигра во среда (26. март), а ќе се игра и големото дерби меѓу лидерот Тетекс и второпласираниот Влазерими во битката за првото место и баражот за Втора лига.

Вардар Брвеница ќе се соочи дома со Љуботен, Доброшти ќе игра со поранешниот прволигаш Ренова, а пак Зајази ќе игра со Велазерими од Слатино.


Натпреварите од 11. коло на Трета лига – Исток се закажани за сабота (29. март), каде Брегалница во Делчево ќе го пречека екс прволигашот Хоризонт Турново, во Струмица ќе ги одмерат силите Тиверија и лидерот Слога Виница, тим кој ќе биде апсолутен фаворит на мечот.

Малеш во Берово ќе го пречека Светлост од Зрновци, Овче Поле против Ударник, а пак Карбинци дома ќе игра против Дојранско Езеро.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар исплати уште 228.000 евра – продолжува финансиската консолидација

Сопственикот и менаџерскиот тим на АД ФК Вардар Скопје продолжуваат да ги остваруваат целите кои си ги зададоа при преземањето на сопствеништвото на...

Трета лигаФудбал

Закажани натпреварите од одложените кола во Третата македонска фудбалска лига

Поради големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 лица,а голем број на лица се хоспитализирани во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар исплати уште 228.000 евра – продолжува финансиската консолидација

Сопственикот и менаџерскиот тим на АД ФК Вардар Скопје продолжуваат да ги...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!