Прва лигаФудбал

Воска Спорт ја декласираше Брера Струмица, Силекс убедлив против Струга, висок пораз за Пелистер!

Сподели
ФОТО: FC Voska Sport
Сподели

Огромна и убедлива победа за Воска Спорт од 3:1 на домашен терен против Брера Струмица, кој во пролетниот дел и натаму не знае за триумф.

По само пет минути игра домашниот тим преку Виноградац дојде до предност од 1:0 резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел Воска Спорт отвори одлично и преку Клинтон дојде до 2:0, а во 67. минута резервистот Адеми погоди за 3:0.

Ова беше резултат со кој Брера Струмица беше надиграна и практично мечот беше решен, а во 85. минута Нзенгуе Мубети ги постави конечни 3:1 со што струмичани и натаму во пролетниот дел немаат триумф.

Шкендија со минимални 1:0 дојде до победа над Тиквеш со што трите бодови останаа во Тетово, а стрелец на победничкиот гол беше Адаму. Тимот од Кавадарци кој лани го освои Купот на Македонија влегува во сериозна борба за опстанок, што ќе носи неизвесна пролет и завршница од сезоната во Кавадарци.

Шкупи на домашен терен го декласираше Пелистер откако на Чаир беа постигнати четири погодоци за конечни 3:1 со што Шкупи влегува во голема победничка серија од пет победи во низа и сега е на само бод од петтото место каде што е шампионот Струга.

По 0:0 на полувреме во вториот дел Ибиши со два голови обезбедија предност за домашнио ттим, а пак Ајетовиќ во 74. минута зголеми на 3:0. Во судиското надополнување Ивановски беше сигурен за конечни 3:1.

Реми без голови одиграа Гостивар и Работнички во дербито за првото место и тулата, резултат кој му оди во прилог на лидерот Шкендија.

Вчера на воведниот меч меѓу Вардар и Беса немаше голови и победник (0:0) за поделба на бодовите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Бронза на Европско првенство за Филип Блажевски, македонското теквондо добива нова надеж

Филип Блажевски вчера во Приштина, Албанија, го освои бронзениот медал на Европското првенство во теквондо за натпреварувачи до 21 година. Младиот македонски репрезентативец,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на мини-подготовки во Струмица, во чии рамки одигра два контролни натпревари против...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прв пораз за Железарец – Муртезани и Азизи херои на СЕЕ Университи

СЕЕ Университи е првиот тим кој го совлада досега непоразениот Железарец, откако...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втората лига, откако се комплетираше 15. коло?

Откако вчера во Радовиш се одигра последниот меч од 15. коло на...

Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Млад фудбалски бисер од Кочани: Петар Огнановски чекори сигурно кон голема кариера

Македонија добива уште еден млад фудбалски талент кој ветува блескава иднина. Петар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!