ФудбалФутсал

Карадаку ја „тресна“ Победа, Балкан до нова победа, „петарда“ во Пробиштип

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Екипата на СЕЕ Университи во Големо Речица, тетовско со 8:1 го декласираше струшки Енхалон, во рамки на 14. коло.

Во воведниот меч на оваа рунда победникот беше решен во првиот дел кога резултатот беше 6:1, а во вториот дел домаќинот само го потвди големиот триумф.

Зеќирија Османи и Гезим Азизи беа двојни стрелец, а по еден гол постигнаа Едис Муртезани, Самир Рамадани, Ермал Љиворека и Агон Хашими, а пак за гостинот единствен стрелец беше Тони Прќакоски.

Балкан забележа победа против ССК Скопје во меч каде беа постигна два автоголови од ист играч во една минута. Конечниот исход беше 8:6, а на полувреме резултатот беше 3:3.

Ибрахим Алији постигна три гола за домаќинот, двоен стрелец беше Џељал Мјаку, а еден гол постигна Кадир Амза, а пак Спасе Здравевски си постигна два автогола во 4. и 5. минута.

Токму Здравевски беше стрелец и за неговата екипа односно ССК Скопје, двојни стрелци за гостинот беа Антонио Крстевски и Несим Сулејмани, а еден гол постигна и Реџеп Бислим.

Ланскиот прволигаш Карадаку забележа втора сезонска победа откако на домашен терен со 6:4 ја „тресна“ прилепска Победа, која претрпе десетти сезонски пораз.

Ељмедин Шерифи и Омер Саќипи постигнаа по два гола за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Салим Реџепи и Шабани Валмир, а пак за тимот од Прилеп два гола постигна Никола Трајкоски, а по еден гол Благојче Здравевски и Андреј Јолески кој стрелаше во првиот дел од мечот кој се играше во Липково.

Кратово доживеа нов голем пораз откако како домаќин во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип со 0:5 загуби од лидерот Мал Ајакс од Штип.

Домашниот тим парираше само едно полувреме, кога резултатот беше 0:1 во првиот дел со голот на Марјан Зашков. Во вториот дел токму Зашков со втор гол зголеми на 0:2, а потоа стрелаше и Седат Мамудов за 0:3. Во 27. и 30. минута Иса Дурмишов постигна два гол за конечни 0:5.

Денес Партизан Југ во Брвеница го чека тимот на Кораби од Дебар, а колото се затвара утре во Свети Николе со мечот меѓу Овче Поле и Конзули од Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!