Втора женска фудбалска лигаФудбал

Порече „пукна петарда“ на стартот од пролетниот дел – дебакл на дебитантот Слободен!

Сподели
Сподели

Вчера во Македонски Брод беше отворена пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига, со воведниот меч во кој Порече со убедливи 5:0 го декласираше дебитантот Слободен, кој имаше капацитет само за едно полувреме.

Порече имаше само три фудбалерки на клупата за резерви, а пак клупата за резерви кај Слободен беше голема со осум фудбалерки.

Резултатот беше отворен во 41. минута од натпреварот кога Натали Павловска си постигна автогол за водство на Порече од 1:0.

Во вториот дел Слободен парираше и се држеше и се обидуваше да постигне гол за израмнување, но во 75. минута капитенот Јована Ѓорѓиоска Блажеска постигна погодок за 2:0.

По вториот гол на домаќинот, гостинската екипа за кратко и се „распадна“. Ангела Наумоска во 81. минута постигна погодок за 3:0, а потоа Јоана Никова капитулираше двапати во една минута, откако Маријана Цветкоска во 88. минута погоди за 4:0, а Маја Крсмановиќ во 89. минута ги постави конечните 5:0.

Порече ја запиша својата третата сезонска победа и на своето конто има десет бода, а пак Слободен е претпоследен со само два бодови од две ремија и останува и натаму без триумф.

Денес во 11:30 часот во Велес „фенерџијата“ Борец ќе игра против Победа од Валандово, а во ист термин во Радовиш екипата на Плачковица ќе го пречека Вардар, додека пак лидерот Кочани ќе игра против Билјанини Извори на домашен терен од 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!