Ракомет

Изненадувачки РК Радовиш доби нов тренер – Игор Котевски ќе го води клубот во битката за опстанок!

Сподели
ФОТО: РК Металург
Сподели

Изненадувачки во текот на вчераниот ден ракометниот суперлигаш Радовиш се одлучи да направи тренерска промена и на местото на младите тренери Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров е поставен Игор Котевски. Новиот стратег на радовишани вчера во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш го имаше и првиот тренинг со новата екипа.

Ѓоргиев и Долдуров го водеа Радовиш до ракометна сензација откако минатата сезона како второпласирани во Првата лига во баражот го совладаа тогаш суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 и направија експресно враќање во Суперлигата. Дополнително, клубот во првиот дел од сезоната имаше поголеми потешкотии во функционирањето што се рефлектираше врз самата игра.

Никој не веруваше во такво чудо дека Радовиш ќе може преку бараж да се врати во Суперлигата, не само во ракоментата јавност туку и меѓу радовишката, но младите тренери успеаја да направат ракометна сензација.

Радовиш ќе води борба за опстанок во Суперлигата за што во изминатиот период клубот е во променет ростер со квалитетни играчи, а сега доби и нов тренер во името на искусниот Игор Котевски. Во својата кариера новиот тренер на радовишани ги предводеше екипите на Вардар од Неготино, Јуниор КВ, Голден Арт, Металург РА и Металург, Бутел Скопје, Македонија ЃП и екипата на Драчево.

Клубот се’ уште не го има промовирано Котевски за нов тренер, но тој е во Радовиш и веќе работи со екипата. Според нашите информации Ѓоргиев и Долдуров остануваат во стручниот штаб сега како помошници на Котевски.

Дебито на клупата на Радовиш, новиот тренер ќе го има против шампионот Еурофарм Пелистер, но овој меч наместо во Радовиш ќе се игра во Битола, па радовишката јавност ќе имаат „слободен викенд“ и клубот ќе може да го гледа на YouTube или оние кои се во можност да отпатуваат во Битола, в недела од 13 часот.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!