Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Запад со натпреварите од првото воведно коло. Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
В сабота ќе се одиграат три натпревари. Пларент Салихи ќе им суди на некогашниот прволигаш Ренова против Добришти, Бардхиљ Ибраими ќе им суди на Речица и Џепчишти, а пак Марјан Стојановски ќе им суди на шампионот Влазерими кој не го помина баражот за Втора лига и на ланскиот второлигаш Тетекс.
В недела нови три натпревари на програмата. Нинослав Нанков ќе им суди на Љуботен и Вардар Брвеница, Александар Урошевиќ на Камјани и Дрита, а пак Пларент Салихи на Велазерими Слатино и Зајази. Во рамки на првото коло некогашниот прволигаш Напредок од Кичево ќе биде слободен.
ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД:
Љуботен – Вардар Брвеница, Нинослав Нанков (Гостивар) 11:30
Ренова – Доброшти, Пларент Салихи (Тетово) 15:00
Камјани – Дрита, Александар Урошевиќ (Тетово) 16:00
Речица – Џепчишти, Бардхиљ Ибраими (Тетово) 16:30
Влазерими – Тетекс, Марјан Стојановски (Кичево) 16:00
Велазерими Слатино – Зајази, Пларент Салихи (Тетово) 16:00
Напредок (слободна екипа во 1. коло)