Останато

Ричлиев: Можеме да го подигнеме нашиот квалитет, целта на ОК Штип УГД е двојна титула!

Сподели
ФОТО: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип
Сподели

Одбојкарскиот клуб Штип УГД забележа голема победа над актуелниот шампион Струмица и најавува пеколна борба за двојната титула.

Одбојкарот на Штип УГД и репрезентативец на Македонија, Костадин Ричлиев, за Спортска Мрежа вели дека неговата екипа со квалитетни тренинзи и максимално залагање може да го подигне квалитетот.

„Натпреварот со Струмица покажа дека нашиот тим ја игра нај атрактивната одбојка во првата одбојкарска лига на Македонија. Сепак, сметам дека тоа не е нашиот максимум и дека имаме капацитет со квалитетни тренинзи како до сега и со максимално залагање од целиот тим да го подигнеме нашиот квалитет на уште повисоко ниво и да ја нападнеме двојната титула“, изјави Ричлиев за Спортска Мрежа.

Ричлиев очекува поддршка и публика во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип за натпреварот против Работнички.

„Следниот натпревар го играме против екипата на Работнички од Скопје, добра екипа со тројца нови играчи од странство. Верувам во добар и квалитетен меч и потврдување на нашиот квалитет и амбиции и трите бода остануваат во Штип. Благодарност до публиката која ни даваше поддршка и допатува во Струмица минатото коло, но сега играме на домашен терен и ја повикувам штипската јавност да дојде во голем број, да ја наполниме салата и заеднички да славиме“, додава Ричлиев.

Штип УГД е бранител на Куп титулата, а сезонава паралелно ќе ја напаѓа и титулата во лигата, односно штипјани сакаат да испишат историја со освојуање на двојната круна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!