Втора лигаТрета лигаФудбал

Третолигашот Ударник од Пирава веќе две недели се подготвува за пролетниот дел, утре пријателски меч со Вардарски

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Екипата на Ударник од Пирава веќе две недели има интензивни подготовки за пролетниот дел од Трета лига – Исток, каде Ударник ќе сака подобри резултати и прогрес на третолигашката табела.

Во рамки на зимските подготовки за вториот дел тимот ќе одигра и неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата се до 9. март, за кога е закажан почетокот на пролетниот дел од Трета лига – Исток.

Веќе утре ќе биде одигран првиот контролен натпревар меѓу Ударник и второлигашот Вардарски од Богданци. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Ѓорге Џонов“ во Пирава, со почеток од 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!