Прва лигаФудбал

Прволигашот Силекс се засили со Алдин Хрвановиќ

Сподели
Сподели

Алдин Хрвановиќ, 26-годишен офанзивен играч за врска, е новото засилување во редовите на македонскиот прволигаш Силекс. Тој доаѓа од босанскиот клуб Слобода Тузла, а своето фудбалско искуство го има стекнато и во клубови како Зрињски, Железничар и Братство од Грачаница, поминувајќи низ различни екипи и региони. Хрвановиќ ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред на Силекс, тим кој го предводи тренерот Александар Васоски.

Новиот фудбалер на Силекс е дел од се поголемата група фудбалери од Босна и Херцеговина во клубот, каде што веќе играат Иван Шуберт и Ади Алиќ. По одлуката да ја напушти Слобода Тузла, Хрвановиќ реши да побара ново поглавје во својата кариера и ќе се приклучи на тимот од Кратово.

Пред Слобода, Хрвановиќ играше за Зрињски, каде што настапуваше во групната фаза на Конференциската лига. Кариерата го водела и преку други клубови како Раднички од Лукавац, Игман од Коњиќ и Чапљина, а го има и искуството од младинските категории на Железничар и Босна Унион. За време на кратката пауза од БиХ, тој беше и во Швајцарија.

Силекс во понеделник ќе одигра пријателски натпревар со Македонија ЃП пред заминувањето за Анталија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!