Втора лигаФудбал

Кожуф се засили со искусниот Сашо Дуков кој доаѓа од редовите на Охрид!

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија за пролетната полусезона ќе биде посилен за Сашо Дуков, искусниот фудбалер доаѓа од редовите на второлигашот Охрид, откако охридскиот клуб се одлучи да се ослободи од „странците“ односно од играчите од другите клубови и да игра со домашни играчи и играчи од сопствените погони.

30-годишниот Дуков е искусен фудбалер, кој за Охрид беше најдобар стрелец со шест погодоци, а минатата сезона беше најдобар стрелец на Каменица Саса и ја спаси од испаѓање, низ својата кариера има настапувано и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, кичевски Напредок, а настапуваше и во Србија за тимот на Београд, што значи дека Дуков има и меѓународно искуство.

Кожуф сега е предводен од новиот тренер Славчо Георгиевски – Тупан и со ангажманот на Дуков добива големо засилување во своите редови за пролетниот дел, кој Кожуф го отвара против Каменица Саса во гости.

Кожуф денес ги започна подготовките за пролетниот дел, а презимува на 9. место на второлигашката табела со 22 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!