ИнтернационалциФудбал

Албанскиот второлигаш Кораби се засили со Рихан Зеќири и Ујкан Муча!

Сподели
Сподели

Албанскиот второлигаш Кораби за пролетниот дел од сезоната се засили со Рихан Зеќири и Ујкан Муча, каде албанскиот тим во пролетниот дел ќе води борба за опстанок во Втората лига.

26-годишниот Зеќири во албанскиот тим доаѓа од редовите на второлигашот Арсими, каде настапуваше изминатата полусезона во Втората македонска фудбалска лига.

Во својата кариера Зеќири има настапувано за Раховец од Косово, Тетекс, Сухарека од Косово, Воска Спорт, Беса, Пелистер, Кораби од Дебар, Велазерими, Зајази и Шкендија.

24-годишниот Муча доаѓа од тимот од германскиот тим Турк Спорт, а претходно беше дел од Кораби од Дебар, Воска Спорт, Гостивар, Охрид и Шкендија.

Кораби есенскито дел го заврши на 10. место на табелата со 16 бодови на своето конто, а пролетниот дел во Втората лига на Албанија започнува на 18. јануари, а Кораби стартува со дерби од дното против Валбона што ќе биде тест и за двете екипи за нивните амбиции за опстанок во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!