Втора лигаФудбал

Анџело Николовски ќе биде нов играч на Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Есенскиот шампион во Втората лига, екипата на Македонија ЃП, за пролетната полусезона ќе се засили со Анџело Николовски, дознава Спортска Мрежа.

Штипјанецот во следните денови и официјално треба да биде промовиран како нов играч на „лавовите“, кои сакаат експресно враќање во Првата лига, откако минатата сезона испаднаа од фудбалската елита на Македонија.

23-годишниот фудбалер низ својата кариера има настапувано за матичната Брегалница, Гостивар и Кит Го од Пехчево. Во радовишкиот второлигаш пристигна во август 2023 година и беше еден од носителите во играта на Детонит Плачковица.

Македонија ЃП е на врвот во Втората лига со 38 бодови пет повеќе од Брегалница која е втора. „Лавовите“ важат за први фаворити за враќање во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!