РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија вечерва против Словенија, можеме ли конечно до победа?

Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го затвора настапот во Б-сегментот од Лигата на нациите. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20:45 часот, избраниците на Гоце Седлоски ќе ја пречекаат Словенија, во натпревар во кој ќе се обидат да ја прекинат негативната серија и да ги освојат првите бодови во групата.

Македонија по пет одиграни натпревари останува без освоен бод, но и покрај последното место во групата, ќе има можност преку мартовскиот бараж да го зачува статусот во Б-сегментот од Лигата на нациите.

Малку охрабрување донесе последното гостување во Глазгов. Иако Македонија загуби од Шкотска со 2:1, Елмин Растодер го постигна својот прв репрезентативен погодок и ја прекина долгата серија без гол на националниот тим.

Сепак, формата останува сериозен проблем. Македонија нема победа на последните 13 натпревари во сите натпреварувања, а последниот триумф го забележа во септември 2025 година, кога го совлада Лихтенштајн со 5:0.

За разлика од моменталната форма, меѓусебната статистика е на страната на Македонија.

Во осумте досегашни пресметки, македонската репрезентација забележала четири победи, две ремија и два порази, со гол-разлика 13:9.

Првиот дуел меѓу двете селекции се одигра во октомври 1993 година, кога Македонија славеше со убедливи 4:1 во Крањ. Следната година следуваше нова победа од 2:0 во Скопје.



Посебно се памети триумфот од октомври 2019 година, кога Македонија ја совлада Словенија со 2:1 во квалификациите за Европското првенство, а Елиф Елмас беше двоен стрелец.

Сепак, на последната меѓусебна средба, одиграна во септември годинава во Љубљана, Словенија славеше со 2:0.

За разлика од Македонија, словенечката репрезентација има сериозен резултатски мотив. Гостите се второпласирани во групата со осум бодови, еден повеќе од Шкотска, и се борат за место во баражот за пласман во А-сегментот.

За избраниците на Седлоски, пак, вечерашниот натпревар е можност да покажат подобра игра пред домашната публика, да ја прекинат серијата порази и да ја вратат самодовербата пред следните репрезентативни предизвици.

Македонија – Словенија, вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија вечерва против Словенија, можеме ли конечно до победа?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го затвора настапот во Б-сегментот од Лигата на нациите. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од...

ИнтервјуМагазинФудбалЧетврта лига

Митков: Во Подареш ме пречекаа како свој, а против Дрвош очекувам домашната публика во Злеово да биде нашиот дванаесетти играч

Фудбалскиот клуб Слога од Злеово продолжува со настапите во Општинската фудбалска лига – Струмица, каде што по шест одиграни натпревари има две победи,...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!