Прва лигаФудбал

Шкендија ги започна подготовките за пролетниот дел – титулата е главна цел!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Екипата на Шкендија го започна зимскиот подготвителен период со јасна цел – атак на шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот тим, со 37 освоени бодови, се наоѓа на врвот од табелата заедно со Силекс и Работнички, што гарантира возбудлива битка за тронот во пролетниот дел од сезоната.

Играчите на Шкендија веќе работат на подобрување на физичката подготвеност и усовршување на тактичките замисли на тренерскиот тим. Од сабота, тренинзите ќе се одвиваат со полн интензитет, двапати дневно, а првите контролни натпревари се закажани за периодот од 17 до 22 јануари.

Клучниот дел од подготовките ќе се одржи во Анталија, каде тимот ќе замине на 25 јануари. Во Турција се предвидени четири силни контролни натпревари, кои ќе служат како финална проверка пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Шкендија ја отвора пролетта со дерби натпревар против Вардар, што ќе биде првиот тест во нивната мисија за освојување на титулата. Тетовчани влегуваат во продолжението на сезоната со огромен оптимизам и желба да ја исполнат својата цел.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!