Втора лигаФудбал

Две големи засилување за Арсими: Промовирани Стојан Стојчевски и Малиќ Белули

Сподели
Сподели

Во последниот ден од 2024 година екипата на Арсими претстави две големи засилување за пролетната полусезона, тимот кој испиша историја пласирајќи се за првпат во четвртфиналето од Купот на Македонија каде ќе се судри со прволигашот Брера Струмица.

Стојан Стојчевски и Малиќ Белули денес беа претставени во „жолто-црниот“ дрес и во пролетниот дел ќе настапуваат за тимот на Арсими од Чегране.

Стојчевски доаѓа од редовите на третолигашот Еуромилк ГЛ, а во својата кариера 31-годишниот искусен дефанзивец настапуваше за Воска Спорт, Вардар, Силекс, Брера Струмица, Работнички, Брегалница, Македонија ЃП и Борец.

30-годишниот Белули во Арсими доаѓа од прволигаш Беса, а се очекува да биде важен столб во играта на Арсими во пролетниот дел. Тој има настапувано за Гостивар, Влазнија, Феризај, Генч Калембер и Скопје.

Арсими презимува на 4. место на табелата со 29 бодови и сака атак на местата за Прва лига, а пролетниот дел го отвара против Беласица во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!