Втора лигаФудбал

Голманот Столевски заминува: За некој Победа е само клуб, а за мене семејство!

Сподели
Сподели

Второлигашот Победа од Прилеп остана без голман, откако Антонио Столевски замина од клубот.

22-годишникот е дете на победа, а низ својата кариера настапуваше и за Брегалница, Велешта и Караорман.

„Доаѓа денот кога е најтешко, денот на разделба, нема доволно зборови што можам да ги кажам за мојата љубов кон Победа. Љубов е кога даваш без да очекуваш нешто за возврат, а јас се обидував да ја покажам мојата љубов на секој тренинг и секој натпревар. За некој фудбалот е само игра, а за мене е живот, за некој Победа е само клуб, а за мене сите овие години беше семејство. Благодарен сум за се што помининавме заедно и се надевам дека еден ден ќе биде онаму кај што заслужува. Иако сега заминувам длабоко во себе знам дека ова не збогум засекогаш. Верувам дека животот ќе ми подари можност еден ден повторно да се вратам таму каде што припаѓам – дома, во ФК Победа“, вели Столевски.

Победа презимува на 12. место со 14 бодови, а пролетниот дел го отвара против Брегалница на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!