ИнтернационалциФудбал

Енис Барди може да заигра за Динамо Загреб, но има понуда и од турски клуб!

Сподели
Сподели

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако не добиваше шанса во Трабзонспор, тој ќе си замине од турскиот тим.

Како следна дестација за Барди се спомнува Хрватска, но може да остане и во Турција.

За капитенот на нашата репрезентација заинтересиран е Динамо Захреб, хрватскиот клуб кој игра во Лигата на шампионите, а каде настапуваат Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Но според медиумите во Турција, интерес за Барди покажува и Хатајспор, екипа која е претпоследна на табелата во турската Суперлига со девет бодови на своето конто и се бори за опстанок во турската елита.

Останува во следните денови да се разреши дилемата каде Барди би заминал, дали би остана во Турција, или сепак ги заиграл во хрватскиот шампионат, а со тоа и настап во Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!