ФудбалФутсал

КМФ Црна Река со највисоки амбиции: Поранешниот прволигаш тргнува по враќање во Првата лига

Сподели
Сподели

КМФ Црна Река ги започна подготовките за новата сезона во Втората футсал лига на Македонија со јасно поставена цел – враќање во Првата лига.

Кавадаречкиот клуб, кој во минатото беше дел од најсилното футсал друштво, во новата сезона влегува со големи амбиции и се очекува да биде меѓу главните фаворити за пласман во Првата лига. Од клубот се децидни дека сè освен остварување на целта би било неуспех.

За разлика од минатото, кога составите често претрпуваат поголеми промени, Црна Река успеа да го задржи целиот ростер од минатата сезона. Во екипата има комбинација од искусни футсалери, млади и перспективни играчи, но и добро познати имиња кои со своето искуство треба да бидат носители на тимот.

Покрај задржувањето на постоечкиот состав, клубот работеше и на дополнително засилување на екипата. Во Црна Река пристигнаа четири нови имиња.

Од Кеги Моби од Велес доаѓа искусниот футсал играч Александар Михајлов, како и голманот Мартин Трпков, кој исто така има значително искуство и квалитет.

На голманската позиција ново име е и Тихомир Костов, млад и перспективен чувар на мрежата кој пристигнува од КМФ Клими.

Најзвучното име меѓу новите засилувања е Даниел Миловановиќ, искусен фудбалер добро познат на македонската спортска јавност. Миловановиќ доаѓа од големиот фудбал, а до пред само неколку месеци беше член на прволигашот Тиквеш од Кавадарци.

Така, Црна Река во новата сезона ќе се потпре на комбинација од традиција, искуство, младост и амбиција, со желба повторно да биде дел од најсилната македонска футсал конкуренција.

Новата сезона во Втората футсал лига ќе започне наскоро, а Црна Река ќе биде слободна во првото коло. Својата сезона кавадарчани ќе ја започнат во второто коло, кога на домашен терен во Кавадарци ќе го пречекаат Фудбал Старс од Кочани.

Со стабилен состав, четири нови засилувања и јасно поставена цел, поранешниот прволигаш тргнува во битка за враќање во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!