Кошарка

Зетов: Ќе ја искористиме секоја шанса за повисок пласман

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Струмица 2001 подготвена го дочекува стартот на новата сезона во Суперлигата. Тимот зад себе има 35 дена тренажен процес, во кој фокусот бил ставен на физичката и тактичката подготовка, а одиграни се и четири контролни натпревари.

Шефот на стручниот штаб Златко Зетов е задоволен од сработеното и верува дека неговиот тим е подготвен за првите предизвици.

„Екипата е во тренинг веќе 35 дена и мислам дека овој период максимално го искористивме за да се подготвиме како физички, така и тактички. Одигравме четири контролни натпревари и сметам дека сме максимално подготвени за почетокот на Суперлигата“, вели Зетов.

Според него, МЗТ Скопје и Работнички се издвојуваат според составите, додека останатите екипи се со прилично изедначен квалитет, па малите детали би можеле да одлучуваат за пласманот.

„Гледајќи ги ростерите на сите екипи, сметам дека оваа сезона предначат екипите на МЗТ Скопје и Работнички, а сите други екипи по квалитет се изедначени и нијанси ќе одлучуваат кој кое место ќе го заземе на табелата. Што се однесува до нашиот тим, нашата првична цел е опстанок во Суперлигата, но доколку ни се пружи шанса сигурно ќе ја искористиме за да се вмешаме во борба за некое место погоре“, истакнува тренерот на Струмица 2001.

Струмичани сезоната ќе ја започнат на домашен терен против Работнички, што ќе биде сериозен предизвик за тимот уште на стартот.

„Секако дека победата во премиерното коло е важна. Ние првиот натпревар го играме на домашен терен со екипата на Работнички кој, како што реков, е фаворит за највисок пласман. Како екипа, до јавноста и нашите навивачи може да испратиме порака дека, покрај квалитетот кој што го поседуваме, на секој натпревар ќе видат борба, енергија и желба за победа без разлика на противникот“, порача Зетов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!