РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија повторно без гол: Словенија со два гола до победа во Љубљана

Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе и вториот пораз во новата сезона од Лигата на нации, откако вечерва во Љубљана загуби од Словенија со 2:0. По неуспехот од Швајцарија во Скопје, избраниците на Гоце Седлоски останаа без бодови по првите две кола, а продолжи и серијата без постигнат погодок.

Седлоски направи дури осум промени во стартниот состав во однос на натпреварот со Швајцарија. Македонија во првиот дел изгледаше покомпактно и поорганизирано, но домаќинот беше тимот кој имаше поголема контрола врз играта.

Словенија уште на почетокот ја погоди пречката, додека Македонија преку Елези имаше своја можност. До паузата немаше промена на резултатот, иако домашната селекција имаше повеќе иницијатива.

Клучниот момент дојде во 55. минута. По акција на Словенија, Санди Ловриќ шутираше од коса позиција, а топката по контакт со македонскиот блок го смени правецот и заврши зад грбот на Димитриевски за 1:0.

По примениот гол, Македонија заигра со поголем ризик. На терен влегоа Енис Барди, Христијан Малески, Лука Станковски и Бојан Миовски, а токму влезот на новите играчи донесе поофанзивен пристап.

Македонија имаше период во кој притисна кон голот на Јан Облак, но недостигаше завршниот удар. Малески, кој го запиша своето деби за националниот тим, имаше добра можност, но неговиот обид беше одбранет од голманот на Словенија.

Кога Македонија тргна по израмнување, Словенија го искористи просторот зад нашата одбрана. Во 82. минута домаќините изведоа брз контранапад, Аљоша Матко излезе сам пред Димитриевски и зголеми на 2:0.



До крајот Македонија не успеа да се врати во натпреварот, па Словенија ги освои трите бода на „Стожице“.

За македонската репрезентација ова беше втор меч во Лигата на нации без постигнат гол, а негативната серија продолжи и на шести последователен натпревар.

Нема многу време за одмор. Македонија веќе в сабота ја очекува нов предизвик, бидејќи на домашен терен ќе ја пречека Шкотска. Натпреварот во Скопје е закажан за 20:45 часот.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!