Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските У15 борачи подготвени за Балканското првенство во Хрватска

Сподели
ФОТО: Боречка федерација на Македонија
Сподели

Македонската репрезентација во борење до 15 години е подготвена за настап на Балканското првенство, кое од денеска започнува во Копривница, Република Хрватска.

На шампионатот, кој започнува на 29 септември 2026 година, ќе настапат најдобрите млади борачи од балканските земји, а Македонија ќе биде претставена со своите надежи во категоријата U15.

За младите македонски борачи ова ќе биде можност да стекнат дополнително меѓународно искуство, да ги одмерат силите со своите врсници од регионот и да покажат дека македонското борење има потенцијал за иднината.

Репрезентацијата на Македонија ќе настапи со следните репрезентативци:
38 кг – Харун Мемеди
41 кг – Павел Митев
48 кг – Заим Заими
52 кг – Христијан Атанасов
57 кг – Лука Ананиев
62 кг – Абдул Азиз Азизи
62 кг – Омер Исмаили
75 кг – Трим Пацоли
Тренери:
Јасин Реџалари
Буњамин Ебипи
Тим лидер:
Ахмед Адеми
Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!