Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

Сподели
Сподели



По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје е лидер на табелата со 18 освоени бодови. Тимот од Пржино има учинок од шест победи и еден пораз и се наоѓа на врвот во досегашниот тек од сезоната.

На второто место е Љуботен со 17 бодови. Тетовскиот состав сè уште нема пораз, а по седум натпревари има пет победи и две нерешени средби.

Третото место му припаѓа на Пелистер, кој како новајлија во лигата има освоено 16 бодови. По 13 бодови имаат Тиверија Брера и Каменица Саса, кои ја делат четвртата позиција.

Потоа следува значителна разлика во бодовното салдо. Ас Јунајтед е шести со осум бодови, додека Истатов е седми со шест. На осмото место е Вардар со четири бодови, колку што има и Речица, но поради послабата гол-разлика тимот се наоѓа на деветтото место, односно во бараж зоната за опстанок.

На дното е Кочани со само еден освоен бод. Тимот кој минатата сезона преку бараж обезбеди опстанок и оваа сезона се соочува со тежок предизвик, бидејќи моментално се наоѓа во зоната која води кон директно испаѓање во Втората лига.

Статистиката покажува дека Љуботен е единствениот непоразен тим во првенството, додека Скопје има најмногу победи – шест. Кочани, пак, е единствениот состав без триумф, а со шест порази го има и најголемиот број загубени натпревари.



Кога станува збор за ефикасноста, Тиверија Брера има најдобар напад во лигата. Струмичкиот состав постигна 35 гола на седум натпревари. На спротивната страна, Скопје има убедливо најдобра одбрана, со само четири примени голови.

Најмалку ефикасен напад има Кочани, кој на седумте натпревари постигна само шест гола. Најмногу проблеми во дефанзивата, пак, има Речица, која досега прими дури 36 гола.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!