РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со позитивен биланс против Словенија, но и со голем предизвик во Љубљана

Сподели
Сподели



Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува осмиот меѓусебен натпревар против Словенија, овојпат во рамките на второто коло од Лигата на нации. Дуелот на стадионот „Стожице“ во Љубљана ќе започне во 20:45 часот, а двете селекции во натпреварот влегуваат по различни резултати во првото коло.

Историјата на меѓусебните пресметки е на страната на Македонија. Во досегашните седум дуели имаме четири победи, две нерешени средби и само еден пораз, со вкупна гол-разлика 13:7. Првиот историски натпревар на Македонија како независна држава беше токму против Словенија, на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога нашата селекција славеше со убедливи 4:1.

  • Македонија има четири победи во седум дуели

Последователно, Македонија во март 1994 година славеше со 2:0, а во 2012 година триумфираше со 3:2. Единствениот словенечки триумф дојде во март 2016 година, кога во Копер беше 1:0 за домаќинот.

Во квалификациите за Европското првенство 2020 следуваа две нови пресметки. Во Љубљана беше 1:1, додека Македонија на домашен терен славеше со 2:1. Последниот меѓусебен дуел досега се одигра на 1 јуни 2021 година и заврши без победник – 1:1.



Токму во победата од 2:1 во 2019 година, Елиф Елмас беше големиот македонски херој со два погодоци. Елмас беше стрелец и на последната средба меѓу двете селекции, кога Македонија и Словенија ремизираа 1:1.

Интересен податок е што пет од седумте досегашни дуели завршиле со голови на двете страни, а во вкупно седум натпревари биле постигнати 20 гола, односно просечно речиси три погодоци по средба.

  • Македонија бара реакција по поразот од Швајцарија

Сепак, сегашниот момент носи дополнителен предизвик за македонската репрезентација. Избраниците на Гоце Седлоски стартуваа со пораз од Швајцарија со 0:3 на домашен терен. Тоа беше продолжение на серијата без постигнат гол – Македонија не успеа да ја затресе противничката мрежа на последните пет натпревари.



Пред дуелот со Словенија, последниот гол Македонија го постигна на 18 ноември 2025 година, во поразот од Велс со 7:1. Последната победа, пак, е од 7 септември 2025 година, кога Македонија со убедливи 5:0 го совлада Лихтенштајн.

  • ПОСЛЕДНИ 10 НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА:

29.09.2026 Македонија – Швајцарија 0:3
01:06.2025 Турција – Македонија 4:0
29.05.2026 Босна и Херцеговина – Македонија 0:0
31.03.2026 Ирска – Македонија 0:0
26.03.2026 Данска – Македонија 4:0
18.11.2025 Велс – Македонија 7:1
13.11.2025 Македонија – Летонија 0:0
13.10.2025 Македонија – Казахстан 1:1
10.10.2025 Белгија – Македонија 0:0
07.09.2025 Македонија – Лихтенштајн 5:0

  • И Словенија без победа во новата Лига на нации

Словенија, од друга страна, во новото издание на Лигата на нации започна со реми без голови против Шкотска. И словенечката селекција, значи, сè уште го чека првиот гол во новото издание на натпреварувањето. Во последните натпревари Словенија има променливи резултати.

  • ПОСЛЕДНИТЕ 10 НАТПРЕВАРИ НА СЛОВЕНИЈА:

26.09.2026 Словенија – Шкотска 0:0
07.06.2026 Хрватска – Словенија 2:1
04.06.2026 Словенија – Кипар 1:1
31.03.2026 Црна Гора – Словенија 2:3
28.03.2026 Унгарија – Словенија 1:0
18.11.2025 Шведска – Словенија 1:1
15.11.2025 Словенија – Косово 0:2
13.10.2025 Словенија – Швајцарија 0:0
10.10.2025 Косово – Словенија 0:0
08.09.2025 Швајцарија – Словенија 3:0

  • Дуел во кој бодовите се исклучително важни

Македонија и Словенија се дел од Групата Б1 заедно со Швајцарија и Шкотска. По првото коло Швајцарија има три бода по победата од 3:0 во Скопје, додека Македонија е без бод. Словенија и Шкотска имаат по еден бод по нивното реми 0:0.

За Македонија, гостувањето во Љубљана доаѓа како можност за реакција по лошиот старт, но и како дуел со противник против кого историски има позитивен биланс. По утрешниот натпревар, Македонија ќе продолжи со домашниот дуел против Шкотска на 3 октомври, а потоа следува гостување кај Швајцарија на 6 октомври.

Словенија – Македонија, „Стожице“, Љубљана, вторник 20:45 часот. осми меѓусебен дуел, со историја која е на македонска страна, но со две селекции кои во натпреварот влегуваат со сериозна потреба за позитивен резултат.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со позитивен биланс против Словенија, но и со голем предизвик во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува осмиот меѓусебен натпревар против Словенија, овојпат во рамките на второто коло од Лигата на нации. Дуелот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје е лидер на табелата со 18 освоени бодови. Тимот од Пржино...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на Македонија до 19 години за дуелот со Луксембург

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски, го објави списокот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО + ВИДЕО: Македонија тренираше на „Стожице“, утре е мечот против Словенија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го имаше официјалниот тренинг на стадионот „Стожице“ во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Димитриевски пред Словенија: „Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме сè од себе!“

Македонската фудбалска репрезентација утре во Љубљана ја очекува вториот меч од Лига...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски пред Словенија: Очекувам поголем квалитет и карактер на теренот, ќе има освежување во составот

Македонската репрезентација утре ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!