Останато

Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт

Сподели
Сподели

По двата освоени медали во Таранто и Софија, во фокусот на средбата беа следните предизвици за Рустемовски и плановите за унапредување на боксот во Македонија преку соодветни програми.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, оствари средба со македонскиот боксер Ален Рустемовски и претставници на Боксерската федерација на Македонија, по повод освоениот бронзен медал на Европското првенство во бокс во Софија.

Рустемовски на Европското првенство стигна до полуфиналето и со освоената бронза продолжи со одличните настапи на големите меѓународни натпреварувања. За македонскиот боксер, ова е второ големо одличје во неполни 30 дена, откако претходно освои бронза и на Медитеранските игри во Таранто.

На средбата, Димевски му го честиташе успехот и истакна дека ваквите резултати се значаен поттик за македонскиот спорт.

„Бронзениот медал од Европското првенство е потврда за квалитетот, работата и посветеноста на Ален. Особено радува што во краток период успеа да освои две одличја од големи меѓународни натпревари. Македонскиот олимписки комитет ќе продолжи да го поддржува Ален во неговите подготовки и настапи, но и заедно со Боксерската федерација да работи на создавање услови за понатамошен развој на боксот во Македонија. Преку нашите програми и активности сакаме да дадеме дополнителен придонес во развојот и поддршката на боксот како национален спорт, како и на спортистите кои ја претставуваат нашата земја“, истакна Димевски.

Рустемовски се заблагодари за поддршката и посочи дека медалите од Таранто и Софија му даваат дополнителен мотив за продолжување на подготовките и новите предизвици што следуваат.

„Многу ми значи поддршката од МОК. Двата медали во краток период ми даваат голема мотивација да продолжам да работам и да се подготвувам за следните натпревари. Се надевам дека ќе продолжам да ја претставувам Македонија на најдобар можен начин“, рече Рустемовски.

На средбата се разговараше и за следните настапи и плановите на Рустемовски, како и за можностите за заедничка соработка меѓу МОК и Боксерската федерација во насока на понатамошно унапредување на боксот во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!