РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Елези пред Швајцарија: Мораме да се фокусираме на себе, да не правиме грешки – секоја наша грешка може многу да нè чини

Сподели
Сподели

Македонската А репрезентација го имаше првиот собир и вчера го одработи првиот тренинг во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации. Нашата селекција во Лигата Б ја очекуваат четири натпревари против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

На репрезентативниот собир дополнително се приклучија Столе Димитриевски, Езџан Алиоски, Елмин Растодер и Христијан Малески. Дарко Чурлинов поради административни проблеми поврзани со неговиот престој во Полска нема да биде во можност да настапи на претстојните натпревари.

Првиот предизвик за избраниците на Гоце Седлоски е дуелот со Швајцарија на 26 септември во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29 септември, гостувањето кај Швајцарија на 6 октомври во Луцерн и натпреварот против Шкотска на 3 октомври во Скопје.

Во пресрет на првиот натпревар, Агон Елези, кој во одлична форма настапува во дресот на Сараево, истакнува дека фокусот на репрезентацијата во овој момент е целосно насочен кон Швајцарија.

„Најпрво, огромно е задоволството и привилегијата повторно да се биде дел од оваа репрезентација, од оваа фантастична група. Вистина е дека не очекуваат четири многу тешки натпревари, но моментално за нас постои само еден, тој во сабота против Швајцарија. Сите ги знаеме нивните квалитети и ние мораме да се фокусираме само на себе, да не правиме грешки, затоа што секоја наша грешка може многу да не чини.

Швајцарија покажа на Мундијалот дека е во сериозна форма и дека има сериозни квалитети во секој поединец. Но, ние треба да се фокусираме на себе и да имаме доверба дека можеме да направиме позитивен резултат. Така и ќе влеземе во натпреварот. Најбитно на претходните натпревари беше да се запознаеме со новиот стручен штаб, со новите играчи и со новите идеи. Сметам дека ни донесоа многу и дека научивме многу.

Најважно беше да направиме добра атмосфера меѓу нас, меѓу играчите, а тоа и се покажа. Сите сме во добра атмосфера, имаме добра кохезија и сега само тоа треба да го пренесеме на теренот, почнувајќи од сабота.“

Натпреварот Македонија – Швајцарија се игра на 26 септември со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Младинците подобри од кадетите: Македонија М20 славеше со 34:27 во контролниот натпревар против М18!

Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години (М20) забележа победа во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!