РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку договор за партнерство и спонзорство, со кој дополнително се зајакнува поддршката за медицинската грижа во македонските национални селекции.

Како дел од соработката, ВИА ФАРМ ќе обезбедува медицински средства и суплементи потребни за репрезентативните тимови, со што ќе се создадат уште подобри услови за здравствена грижа, регенерација и подготовка на фудбалерите.

Во ФФМ истакнуваат дека ваквите партнерства имаат особено значење во градењето на стабилен и функционален систем за поддршка на сите национални тимови, почнувајќи од најмладите категории, па сè до сениорската А репрезентација.

„Здравјето и медицинската грижа за нашите репрезентативци се еден од важните сегменти во функционирањето на секоја репрезентација. Преку партнерството со ВИА ФАРМ обезбедуваме дополнителна и квалитетна поддршка за сите наши селекции. Веруваме дека соработката ќе биде успешна и долгорочна, а најголема придобивка ќе имаат нашите фудбалери и медицинските тимови кои секојдневно се грижат за нивното здравје и физичката подготвеност“, изјави Леонид Јандреоски, генерален секретар на ФФМ.

ВИА ФАРМ е ланец на аптеки посветена на обезбедување квалитетни и разновидни лекови, суплементи и медицински помагала, со фокус на професионална услуга и грижа за здравјето.

„За ВИА ФАРМ претставува чест и гордост што стануваме партнер на Фудбалската федерација на Македонија и што ќе дадеме свој придонес во поддршката на македонските репрезентации. Свесни сме за одговорноста што ја носи ова партнерство и ќе се потрудиме со квалитетни производи, медицински средства и суплементи да бидеме сигурна поддршка за репрезентативците и медицинските тимови“, изјави Марица Угриновска Баткоска, директорка на ВИА ФАРМ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!